Од Центарот за култура Григор Прличев ја најавуваат премиерната изведба на Балетска претстава за деца “ПАЛЕШКА”, работена  според истоимената детска бајка на Ханс Кристијан Андерсен.


Во балетската претставата учествуваат членовите од Балетското студио Визави, кое функционира во рамки на охридскиот Центар за култура, раководени од кореографот Јулија Милевски.

Премиерата на претставата ќе биде изведена на 18 ноември,  со почеток  во 18 часот. Цена на билетот е 100 денари.

Проектот е подржан од министерството за култура.

OhridNews