Во зимскиот преоден рок очекувано екипите од Премиер лигата го имаа главниот збор. Иако премиерлигашите не штедеа пари за купување, ѕвездите во трансфер периодот Марио Балотели и Дејвид Бекам потпиша за тимови кои не се дел од Премиер Лигата, Милан односно ПСЖ.


Трансфер периодот прв го најави Челси, кој уште на 1 јануари го официјализираше преминот на Демба Ба од Њукасл на Стемфорд Бриџ. Лидерот во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го ангажираше младиот фудбалер Вилфред Заха за 15 милиони евра, но тој на “црвени ѓаволи“ ќе им се приклучи после завршување на сезоната.


Менаџерите на Ливерпул и Арсенал, Брендан Роџерс односно Арсен Венгер не се расфрлаа со пари и клубот го засилија со двајца односно еден фудбалер. На Енфилд Роуд се преселија Даниел Стариџ и Филипе Коутињo додека “топџиите“ купуваа од Малага, Начо Монреал.

Несвојствено за Манчестер Сити и менаџерот Роберто Манчини, останаа тивки на трансфер пазарот и не направија бомбастичен трансфер. За тоа се погрижи рускиот Анжи, кој за 35 милиони евра во своите редови го донесе Вилиан од украинскиот Шахјтор Донецк.

Германските тимови се држеа до традицијата и не купуваа ништо во зимската пауза. Во Серија А единствено само Милан што го доведе Балотели, но и тој е доволен за да го подигне нивото на гледаност на “калчо лигата“.


Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона со истите сили од почетокот на сезоната продолжуваат во походот кон титулите во Лигата на Шампиони, Копа дел Реј и шпанската “Ла Лига“.

Мх.П.