Трансферот на Робин ван Перси од Арсенал во Манчестер Јунајтед и погодокот на аргентинецот Агуеро за Манчестер Сити вреден титула се најдобра најава за новата сезона во најсилната англиска лига Премиер.

Европскиот првак Челси остана без својот заштитен знак Дидиер Дрогба откако реши да се пресели во Кина. Дојдоа млади фудбалери кои допрва треба да се докажат пред светската и англиската јавност.

Пред секој почеток на новата сезона од Ливерпул најавуваат дека ќе атакуваат на титулата. Но после неколку сето тоа спласнува во вода. “Црвените“ новата сезона ја започнуваат со нов тренер Брендон Роџерс кој дојде од редовите на Свонси.

Тимот што победува не се менувата така и Манчестер Сити кој ја освои четвртата титула во историјата. Вистина на начин во кој секогаш се радуваше црвениот дел од Манчестер. Единствено засилување за “граѓаните“ беше младинскиот репрезентативец на Англија, Џек Родвел од екипата на Евертон.

Сер Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед беа на чекор од јубилејната 20-та титула во Премиер Лигата. Но киксот на домашен терен против Евертон и поразот од Виган на гости го чинеше Јунајтед титула. Фергусон беше активен на трансфер пазарот летово ангажирајќи ги Кагава, Пауел, Фернандез и секако дека трансфер бомба е Ван Перси.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е оставен на милост и немилост. Во две сезони му заминаа двајцата најдобри фудбалери. Прво Фабрегас се пресели во матичната Барселона, а вториот може и поболен трансфер беше на Ван Перси во најлутиот ривал на Арсенал, Манчестер Јунајтед.

Екипа која може да им ги замрси сметките на горенаведените е Тотенхем која сеуште го нема кажано последниот збор на трансфер пазарот. Се` на се не очекува интересна и возбудлива премиерлигашка сезона. Уживајте !

Мх.П.