Челниците на англиската Премиер лига пропишаа димензиите на сите стадиони во лигата од оваа сезона да бидат 105х68 метри. Досегашните прописи им дозволуваа на клубовите по свој избор да користат должина на теренот помеѓу 100 и 110 метри и широчина од 64 и 75 метри.
Иако навидум се чини дека станува збор за мала промена на правилата, може и тоа како да влијае врз играта во Премиер лигата. Теоретски оваа промена би требало најмногу да му помогне на Арсенал, а да му одмогне на Стоук, кој играше на минимални димензии.
Изминатата години љубителите на фудбалот во Англија на шега велеа дека лесно му било на Меси да игра во Барселона, но дали истото би можел да го стори и на „Британија“, стадионот на Стоук.
Не треба ниту да изненадува фактот, што Арсенал, чиј стадион беше со поголеми димензии, му требаа дури четири гостување на ветровитата „Британија“ за да дојде до првиот бод.
За споредба, еден стандарден терен има 7140 квадратни метри, а „Британија“ има само  6.400.
Дополнителниот простор по правило им погодува на технички добро поткованите екипи. На пример, Барселона и Реал Мадрид долго време играа на „поголеми“ терени, додека Стамфорд Бриџ и Енфилд Роуд беа под просечните стандарди