Клубовите од Премиер лигата гласаа за воведување пет замени на натпревар од почетокот на новата, 2022/23 сезона.
Одлуката е донесена на собранието на клупски акционери, соопшти вечерва раководството на англиското првенство.

Премиерлигата, исто така, донесе одлука од понеделник да престане со ковид тестирање на фудбалери и клупскиот персонал два пати неделно, а ќе се тестираат само оние со симптоми на вирусот.
OhridNews










