Внимателно ги следеа завршните инструкции на раководителот на драмската секција, професор Ирена Бачиќ, која воедно е и сценарист и режисер на претставата.
Во претставата учествуваат 22 лика, меѓу кои и крал, кралица, нивните родители, слугинки, како и неутрална публика.
Младите актери не откриваат многу околу содржината на претставата. Велат- тоа ќе биде изненадување за сите, но на публиката и ветуваме добра забава и многу хумор.
– Дејството во драмата се одвива во периодот пред втората светска војна. Се започнува убаво и релаксирано, но потоа приватниот живот започнува да се меша со професионалниот и настанува хаос– ни пренесува дел од содржината на претставата, Никола Ристески, кој ја толкува улогата на кралот.
Младите актери аматери објаснуваат дека за нив било вистинско задоволство да учествуваат во подготвувањето на претставата. – Преубаво е да се биде дел од оваа екипа и да се игра во комедија. Навистина се забавувавме додека ја подготвувамвме претставата, вели Мила Коцарева, која ја толкува улогата на мајката на кралот.
– Секој млад човек има некаков талент, некои за спорт, некои за сликање, но сите нас овде не соединува љубовта кон драмата и актерството, вели Антони Џајковски.
Премиерната изведба на претставата “ Да се чудиш” ќе започне во 19 часот, во Центарот за култура “Григор Прличев”.