Премиерот Борисов избран за најдобар фудбалер на Бугарија
05.12.11 19:46
Бугарските навивачи, во анкета, го избраа премиерот на државата Бојко Борисов за фудбалер на годината. Борисов како фудбалер на третолигашот Бистрица ја прекина седумгодишната доминација на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов.
Инаку, во конкуренција за добивање на наградата беа 20 фудбалери, а премиерот Борисов освои 44 отсто од гласовите. Втор во анкетата, со освоени 24 отсто од гласовите беше Бербатов, додека третото место го освои Васил Лукаев, играч на петтолигашот Драгор, кој освои 5 отсто од гласовите.
Интересно дека долгогодишниот репрезентативец, Мартин Петров, сега играч на англискиот премиерлигаш Болтон, го освои 15-то место, додека надвор од Топ 20 останаа асови од калибарот на Благој Георгиев и Валери Божинов.
Конечната одлука за фудбалер на годината ќе ја донесат спортските новинари, а наградите ќе бидат доделени на 23-ти декември во Софија. Според традицијата победниците ќе добијат златна, сребрена и бронзена топка.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...