Премиерот Никола Груевски вечерва дебатира со граѓаните на неговата Facebook страна. Граѓаните од него бараат одговор на економски прашања, се интересираат за последиците од светската криза врз Македонија, за опасноста по денарот при евентуален крах на еврото, но и за секојдневни проблеми пред се за невработеноста, за здравството, образованието. Се жалат на непотизам, корупција, лоши јавни услуги и судски неправди, бараат помош, но и сугерираат, критикуваат и укажуваат. Можат да се прочитаат и постови со поддршка за владината политика во врска со спорот за името.


Според граѓаните кои се вклучија во дебатата со македонскиот премиер ваквиот начин на комуникација е добар и потребен и треба да биде практикуван од политичарите.

OhridNews