Со пригодна свеченост денес во селото Елшани, во присуство на претседателот на владата, Никола Груевски и градоначалникот Никола Бакрачески, беа пуштени во употреба реконструираниот пат Елшани- Елешец и новиот водоводен систем. Двата проекти се реализирани со средства од Светска банка.

Реконструкцијата на патот беше едно од најчестите ваши барања сосема на место со оглед на тоа како изгледаше патот претходно, на кој не беше интервенирано повеќе од четири децении  и кој беше во очајна состојба. Ние како влада помогнавме да се обезбедат средства од Светска банка и после долго време со огромни напори на градоначалникот на Охрид и советниците,  патот успешно се направи, ветеното е реализирано, рече премиерот Груевски.

Како што истакна градоначалникот Никола Бакрачески, проектот за реконструкција на патот Елешец – Елшани  вреди 7. 610.240 денари, а вредноста на проектот  за новиот водоводен систем е  2. 200. 000 денари.

Пред неполни два месеци бевме тука  за да  го означиме почетокот на   реконструкцијата на локалниот пат Елешец – Елшани  , а денес сме  повторно меѓу вас  и заедно  ја  споделиме радоста затоа што со поддршка на Владата по  речиси   педесет  години  успеавме да го реконструираме  овој пат     во  должина од  2  258 метри . Во ова охридско село  изградиме и  нов водоводен систем, со нов резервоар за вода со капацитет од 100 метри кубни и нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри . Со ваквите инфраструктурни зафати  битно допринесовме во градење на подобар  живот во  Елшани  и  создадовме сериозни услови за развој на руралниот туризам, рече градоначалникот Бакрачески.

Бакрачески потенцира дека периодов, Охрид е големо градилиште и дека на Охрид му се случува инвестициски бум.

– По долги години на стагнација и не реализирање на ниту еден проект,  иако наследивме општина со астрономски долгови и катастрофална финансиска состојба,   започнавме  да го градиме  Охрид.  Како никогаш  до сега се гради и инвестира, рече градоначалникот.

При тоа, градоначалникот потсети на бројните проекти чија реализација е во тек, меѓу кои реконструкцијата   на  улица „Питу Гули“, поставувањето на нова  атмосферска канализација  на улиците „ Сатеска“, „Трајче Трајчески“ и „Мича  Гилиќ“, изградбата  на кружен тек со две коловозни ленти   на   пресекот на  Булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“  и современата пешачка патека кон хотел Парк.  

Т. К.