– После долги години талкање по судови и нерешени имотноправни односи среќен сум што дојде овој момент. Многу ми е драго што гледам толку луѓе и што можам да кажам дека конечно ја пуштивме во употреба спортската сала во Велгошти. Оваа спортска сала нека им служи на дечињата и на сите жители во Велгошти – рече Премиерот на Р. Македонија, Никола Груевски.
На присутните жители во новоотворената спортска сала “Тодор Александров“ во Велгошти им се обрати директорот на Агенцијата за спорт и млади Лазар Попоски.
– За да се оствари овој проект најголеми заслуги одат за централната власт, која непрекинато ни даваше поддршка за да го реализираме овој проект. Исто така сакам да му се заблогадарам на мојот претходник на директорската функција, кој го започна овој проект, а новата структура го заврши – потенцираше Попоски, директорот на Агенцијата за спорт и млади.
Во спортската сала “Тодор Александров“ жителите во Велгошти ќе можат да уживаат во играњето фудбал, пинг понг, одбојка, тенис, кошарка и гимнастика.