Денеска на 12-ти ноември, во посета на Охрид ќе биде премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.
Тој заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ќе присуствува на свеченоста по повод почетокот на изградба на затворениот базен во Охрид. Предвидено е Груевски да ја посети Филмската академија, по што со градоначалникот Бакрачески свечено во употреба ќе ја стават реконструираната улица „Ристо Чадо“.
Според најавите, премиерот ќе оствари средби со жителите на Лескоец и Велгошти.
OhridNews