Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга ги посетија децата од семејства со социјален ризик кои се дел од проектот бесплатен одмор за 3.000 деца. Тие разговатраа со нив и им се придружија на заеднички ручек. 
Премиерот по посетата инајави дека ќе се залага овој проект да продолжи и во иднина.

– Ќе направам се од себе проектот да го продолжиме и да го зајакнеме, во иднина што повеќе деца на ваков начин кои немаат други можности да ја искористат можноста што државата ја дава да поминат убави мигови, да бидат среќни, задоволни, радосни и насмеани, изјави Груевски.
OhridNews