Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на посетата на Охрид ќе изврши увид на градежни активности на реконструкцијата на СОУ „Св. Климент Охридски“, како и градежните активности на улица „Кленоец“.

Според најавата со Мицкоски ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, министерот за транспорт, Александар Николоски, како и министерката за образование, Весна Јанеска.

OhridNews