Значително поевтинување на горивата од понеделник најави премиерот Христијан Мицкоски.
Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие калкулации, бензините некаде околу четири денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу седум денара по литар да се намали. Така што да почекаме во понеделник Регулаторната комисија официјално да соопшти, изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во скопската општина Карпош.
Цената на нафтата на светските берзи деновиве забележа пад по најавите дека е постигнат договор за мир помеѓу САД и Иран. Тензиите на Блискиот Исток предизвикаа тектонски преместувања на светскиот пазар кој се уште е силно зависен од фосилните горива.
OhridNews












