Според најавите на раководството на болницата, реконструкцијата која наиде на критики кај дел од лекарите и локалната самоуправа, ќе биде завршена навреме, а Охрид ќе добие современа здравствена установа која во многу ќе го подигне нивото на услуги на пациентите.
Груевски денеска ќе присуствува и на пуштањето во употреба на локалниот пат Орман – Лакочереј, како и на свеченоста по повод завршувањето на градежните работи за реконструкција на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
На свеченоста ќе присуствува и претседателот и главен извршен директор на TАВ Аеродроми, М.Сани Сенер.
OhridNews