Од АМСМ информираат дека поради штрајк на грчките земјоделци кој започна на 30-ти јануари, на граничниот премин Евзони, сообраќајот не функционира во двата правци.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.