Од АМСМ информираат дека денес, до 20:00 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Република Грција на граничен премин „Ники”, односно „Меџитлија“, поради штрајк на грчките земјоделци (фармери), со поставување на трактори во близина граничниот премин. До 12 часот денес имаше прекин на сообраќајот и на граничниот премин Дојран.
Поради штрајкот на фармерите, граничните премини во Грција, во неколку наврати беа затворени и во текот на вчерашниот ден при што колони возила со часови чекаа да ги поминат границите.
OhridNews