Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело,„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишен жител на Струга.

 

-Со цел натамошна продажба на наркозацисници, пријавениот во текот на минатата година, извесно време превезувал дрога марихуана од Струга во Охрид. По прецизно лоцирање на местата каде врши препродажба на набавената дрога, полициски инспектори од криминалистичката полиција, го затекнаа пријавениот во кругот на Општата болница во Охрид. Тука во паркиран патнички автомобил бил заедно со 24-годишно лице од Струга по што, при преглед пронајдена е најлонска паковка со зелена растителна тревкаста материја а под воланот на возачката страна пронајдена е една паковка со бела прашкаста материја. По извршените разговори, утврдено е дека пријавениот во текот на летото на една забава на позната плажа во Охрид, направил рачно изработена цигара –џоинт која и ја дал на неговата девојка, а потоа извадил и дрога метамфетамин го истурил на масата и заедно ги консумирале.
Паковките пронајдени во автомобилот, се одземени а по извршеното вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, утврдено е дека се работи за опојна дрога марихуана и психоактивна дрога метамфетамин.-информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.