Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Ерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос.
Кога беше Господ закован со клинци на крстот, звукот на чеканот на Голгота дојде до ушите на Елиозовата мајка во Мцхет. Штом го чу овој звук, таа возвикна: „Тешко мене што не умрев пред ова време, смртта ќе ме избавеше од овој страшен звук!“. Го рече тоа и падна мртва. Елиоз тогаш се наоѓаше под Крстот заедно со другите војници и фрлаше коцка за ризата Христова. На коцка ризата му падна нему, па тој ја донесе во Мцхет и ја подари на сестра си Сидонија. Оваа пак кога слушна за смртта на Господ и за тоа дека брат и учествувал во крвопролевањето на невиниот, падна мртва, држејќи го цврсто во своите раце хитонот на Господ. Никој не можеше да го истргне од рацете и беа принудени да ја погребаат заедно со хитонот. Од нејзиниот гроб изникна кедар од којшто течеше исцелително миро. По време кедарот падна и местото го заборавија. Го пронајде Света Нина, на која и помогна огнениот столб што се јави на нејзината молитва над тоа место. Кога се крсти царот Миријан таму им подигна црква на Светите апостоли. Во 1625 година шахот Аббас ја зеде ризата и ја испрати на дар во Москва на кнезот Михаил Фјодорович и на патријархот Филарет. Ризата ја поставија во Успенскиот Собор во Москва.
Изминатиот викенд во Скопје се одржа петтото коло од Бокс лигата на Македонија, на кое настапија и боксерите од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид Тие остварија три победи во исто толку ...
ГРК Охрид забележа убедлива победа на гостувањето кај Мулти Есенс во Скопје, совладувајќи го домаќинот со 42:26, во натпревар од седмото коло во ракометната Супер лига „Гладијаторите“ доминираа во ...
Во рамките на 6 коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, Света Троица 2021 и Чардак имаа различен учинок На стадионот „Касарна“ во Охрид, Света Троица 2021 одигра 2:2 против Преспа од ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.