Црквата денеска го празнува денот кој го симболизира преносот на моштите на свети Климент Охридски.

Св. Климент Охридски бил ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргнал на југ. со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го поминал Дунав, престојувал како гостин при царот Борис Михаил и потоа дошол во Охридскиот крај.

Прво основа манастир во Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид Свети Климент му подига црква на Св. Пантелејмон. Имал голем број ученици коишто ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагал Св. Наум.

Вршел чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокоил мирно во Охрид, во 916 година.

OhridNews