Од Против- пожарната единица во Охрид апелираат до граѓаните да не палат оган на отворено, особено кога тоа е без нивна контрола.

– Летниот период, особено во месец јули имаме најголем број интервенции поради пожари предизвикани на отворен простор. Особено тие се чести во руралните средини каде жителите го палат зелениот отпад, што поради високите температури и сувото време е потенцијална опасност за брзо ширење на пожарите, вели командирот на територијалната противпожарна единица во Охрид, Спасе Прентоски.

Тој апелира граѓаните да го фрлаат отпадот од зеленило на соодветните места, а не да го запалат и да си одат, што често пати била причината да дојде до ширење на пожарот.

OhridNews