Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници и е еден од осумте Христови празници.
Откако бил крстен во реката Јордан, Исус отишол во пустина каде што 40 дена живеел во пост и молитви. Потоа почнал да го проповеда своето учење. Имал многу ученици, но од нив одбрал 12 што ги подготвувал да го шират неговото учење по светот. Ги нарекол апостоли што значи пратеници. Им раскажувал што ќе се случи во иднина, дека тој ќе биде фатен од противниците на неговото учење, дека ќе биде мачен и распнат и дека ќе умре и воскресне. Учениците не можеле да поверуваат синот Божји така да страда и да умре. За да не се разочараат и да не го напуштат учењето кога тоа ќе се случи Исус решил да им покаже како тоа ќе изгледа. Повел тројца апостоли Петар, Јаков и Јован да им го покаже чинот на воскресението. Зошто Исус не ги повел сите 12 апостоли да го видат тој чин? Веројатно затоа што Јуда не бил достоен да го види тоа, а да го изоставел само него тој ќе имал оправдание за предавството што подоцна се случило.
Тројцата апостоли Исус ги однел на планината Тавор. Апостолите изморени од патот веднаш заспале, а Исус почнал да се моли на Бога. Одеднаш лицето почнало да му свети како сонце, а и облеката му станала бела како снег. Тогаш се појавиле и двајцата старозаветни пророци Мојсеј и Илија. Кога се случило преображението апостолите се разбудиле и виделе како Исус разговара со пророците за тоа што наскоро ќе се случи во Ерусалим, за мачењето и распнувањето, за смртта и воскреснувањето. Тогаш ги прекрил светол облак и се слушнал глас од облакот „Ова е мојот возљубен Син, во кого е мојата волја, него послушајте го!“ Тројцата апостоли паднале на земјата ничкум, а Исус ги допрел и им рекол „Станете и не бојте се!“ Кога станале не виделе ништо освен Исус онаков како што бил пред преобразувањето. Тогаш Исус им рекол „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите“.
За овој празник според народното верувањеза прв пат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде свештеникот по молитвата го благословува. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје.
Кузман Шапкарев го запишал и верувањето „Веруваат дека на Св. Преображење Господње или ноќта спроти празникот, секоја година се отворало небото и тога се поклонвеле дрвјата со врвовите до земја. Во тој момент кога ќе бидело небото отворено, шчо да посакал чоек од Бога, Господ ќе му дадел“.
Ефтим Спространов забележал дека на овој ден во Студенчишта кај Охрид се собирале штрковите пред да заминат во потоплите краишта.
Кој бил и кога живеел овој светител не се знае Многу се почитува на Родос и на Крит Од нашите краишта во Прилеп и Битола Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и ...
На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни Житие Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните г...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 август и се слави споменот на Светиот свештеномаченик Евтихиј Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол Ученик и подражател на Све...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.