За време на викендот ќе преовладува умерено облачно време со слаб локален дожд.

Од недела кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северен ветер што ќе услови во наредните денови температурите значително да опаднат и да има повремени врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.