По повод празникот „Упокојување на свети Јован Богослов“на 9 октомври 2010 година (сабота), во црквата „Свети Јован Богослов“, – Канео – Охрид, со почеток во 9.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и митрополитот Европски г. Пимен.
Пред почетокот на светата Литургија ќе биде преосветен и светиот Престол.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник и свет чин.












