Непосредно потоа откако Хидробиолошкиот институт го корегираше ставот и појасни дека концесиите за секое езеро ќе се разгледуваат одделно, но “не постои пречка еден концесионер да управува со сите езера“(затворен цитат) во стилот на очајни спин мајстори побрзаа да објават дека одредени медиуми ја дезинформирале јавноста. Да биде трагедијата поголема истите ревносни препишувачи побрзаа да го објават и демантот на Министерството за земјоделство, од каде во обид да ги заштитат институциите кои деновиве даваат по неколку различни информации за една иста работа, вината ја префрлија на медиумите. За среќа доволно доблест имаше македонскиот претставник во Билатералниот секретаријат за заштита нa Oхридското Езеро, Дејан Пановски кој недвосмислено ја лоцираше грешката, која, патем за информација на „загрижените“ ја посочија токму медиумите кои како и секогаш настаните ги следат на терен одблиску, пренесувајќи ги ставовите на одговорните во институциите, кои деновиве потфрлија на сите полиња.
За обидот погрешно изнесениот став на институциите одговорни за изготвување на анализи врз основа на кои ќе се доделуваат концесиите да се претстави како пропуст на медиумите тие испратија остар протест до службата за односи со јавност во ресорното министерство и владата.
Со Охридското Езеро да управуваат локалните самоуправи, а не концесионер
Концесиите за езерата ќе бидат одделно разгледувани