Ученик на славниот авва Доротеј, којшто живееше во киновијата на Преподобните Серид, Јован и Варсонуфиј Велики. Доситеј беше роднина на еден војвода и во Ерусалим дојде да ги види Светите места.
Еднаш додека гледаше во сликата на Страшниот Суд во една црква, му се приближи една жена во порфирен фустан и му објаснуваше. А најпосле, при разделбата му рече дека ако сака да се спаси треба да пости и често да Му се моли на Бога. Ова беше Пресвета Богородица. Срцето на младиот Доситеј се разгоре и посака монашки живот. Доротеј го прими за негов ученик и му нареди наполно да ја отсече сопствената волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му даваше да јаде колку што сака, по извесно време му скратуваше по една четвртина, по некое време уште по една, с ? дури не го навикна на најмало количество храна, постојано велејќи му: „Јадењето е навика и кој колку ќе навикне толку и јаде“. Свети Доситеј се спаси и се прослави преку послушанието. Остана засекогаш за пример на монашкото послушание и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живееше во 6 век.
Тропар
Твоите молитви, преподобен Доситее, се мелем за душата наша, која Господ ја милува, по твоето застапништво. Примерот на твојот свет живот е праслика на радоста, помеѓу Бога и човекот, кој во послушание се насладува,гледајќи Го лицето на Творецот свој. Радувај се, свети послушниче, кој малку време беше верен, а Он направи вечноста да не те одмине.
На 29 издание на популарната „Златна Буба Мара“ светски познатиот музичар од Охрид Владимир Четкар доби признание за најдобар џез изведувач, што е само уште една потврда за неговите уметнички квали...
Продолжуваат активностите за санација на улицата „Цар Самоил“ Од Општина Охрид информираат дека ќе има посебен сообраќаен режим Се известуваат жителите на УЗ Стар Град, дека активностите за санациј...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и дел од „Илинденска“, информираат од ЈП Водовод ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.