Преподобен Јоаникиј се родил во Охрид, на 7 јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован. Монашки потстриг примил на 17 јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези, со името Јоаникиј.
Година и половина по замонашувањето преминал во манастирот „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година останал во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“. Како најобразован во тоа време, во 1896 година подигнал и основно училиште за деца. Живеел во исклучително тешко време, за време на турското владеење, Балканските и Првата светска војна, со тешки искушенија и притисоци, и сенародно страдание. Во 1913 година бил произведен во игумен, а во 1935 година во архимандрит. Се упокоил на 24 јануари 1940 година.
Тропар
Живот богољубив мина, преподобен Јоаникие, кој си овенчан од Исуса Владиката, Подвигоположникот. Така, твориш чудеса преку моштите свои за сите што доаѓаат и верно ти се молат. Затоа прими благодарен глас: Радувај се рамен со древните светии.
Најновата театарска претстава на Народен театар Охрид „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле охриѓани ќе можат премиерно да ја погледнат во петок, 31 октомври, со почеток во 20 часот Претпремиерата ќ...
По попрвичниот би рекол благ удар ценовен којшто настанува после секое вакво навестување за воведувањето на дополнителни санкции врз извозот на руската нафта ќе се стабилизират нештата затоа што им...
Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.