Преподобен Јоаникиј се родил во Охрид, на 7 јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован. Монашки потстриг примил на 17 јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези, со името Јоаникиј.

Живеел во исклучително тешко време, за време на турското владеење, Балканските и Првата светска војна, со тешки искушенија и притисоци, и сенародно страдание. Во 1913 година бил произведен во игумен, а во 1935 година во архимандрит. Се упокоил на 24 јануари 1940 година.
OhridNews











