Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобна Ксенија.
Родена е во Рим како единица ќерка на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители и за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христовподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот на смртта (+ 455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината, поблескав од сонце. Од нејзините мошти мнозина болни добија исцеление. Нејзините робинки го следеа примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.
Гостин во 2 епизода на подкастот „Во право со Димоски“ е светски познатиот џез и фанк музичар од Охрид, Владимир Василески – Четкар Тој отворено зборува за моралните вредности, уметноста и пр...
Трезорот работи, а Буџетот е во одлична кондиција, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со тоа дека трезорот се затвора н...
Мапирани се и расчистени диви депонии на три локации по пријава на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“, информираат од ЈП Охридски Комуналец Екипите интервенираа и расчистени се диви депонии ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.