Тие се од обителта на Св. Сава Осветен кај Ерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска.
Во времето на царувањето на Константин и Ирина Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, а откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме од пустината заради страв од луѓето. Ако нe убијат овде, ќе бидеме убиени заради нашата љубов кон Христа, заради Кого и дојдовме да живееме овде.“ И откако вака одлучија невооружени ги дочекаа Арапите, како јагниња волци. Некои од нив Арапите ги убија со стрели, некои ги затворија во пештерата на Св. Сава, па наложија на влезот оган и ги загушија со чад. И така многумина од нив завршија како Христови маченици и се преселија во Царството на Оној Кого Го љубеа. Чесно пострадаа пред Велигден 796 година во времето на царувањето на Константин и Ирина, кога ерусалимски патријарх беше Илија. Дивите напаѓачи наскоро ги постигна праведна казна. На враќање кон своите шатори се испокараа и изгинаа борејќи се меѓу себе. Ова се случи 796 година.
Тропар
Свети отци подвижници на кои, по Божјо благоволение, Сава свети е учител, покров и заштита, молете се за нас, о двети маченици, кои го празнуваме вашиот свет спомен, Оној на Кого вие се надевате, по вашите Молитви во животот земен да не запази и во Царството Небесно да не приведе.
Македонската национална асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) во период од 28-30 октомври, во Копенхаген, Данска и Стокхолм, Шведска, ќе реализира интензивни промотивни активности за претставувањ...
СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ ќе биде главна тема на 16 Конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура што утре и задутре ќе се одржува во Охрид во организација на Народната банка н...
Водостојот на Охридско Езеро е седумнаесет сантиметри под просекот за месец октомври кој изнесува 69331 мнв Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи нивото денес е на кота од 69314...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.