Како млади луѓе ги оставија домот и татковината. Симеон остави стара мајка, а Јован млада сопруга. Во обителта на Свети Герасим примија монаштво од игуменот Никон и се оддалечија во пустината, каде што во најтешки подвизи поживеаја многу години. Телата си ги умртвија во мнгоубројни подвизи и беа како две суви дрва. Еден ден Симеон му рече на Јован: „Чувај го своето срце од с ѐ што ќе видиш во светот. До што ќе се допре твојата рака нека не се допира срцето твое. Кога ќе јаде устата, срцето нека не се насладува. Кога ќе одат нозете, внатре во тебе да биде мир. И што и да правиш однадвор, твојот ум нека пребива невознемирен. Моли Го Бога за мене, да не н ѐ разлачи Бог еден од друг во идниот живот“. Свети Симеон го прими советот на својот другар, го целива и потоа ја напушти пустината и појде како јуродив да ги научи луѓето и да ги обрати кон верата Христова. Пред луѓето се правеше луд, срцето му беше храм на Светиот Дух, а во тој храм непрестајната молитва. Имаше изобилна благодат Божја, па проѕираше во сите човечки тајни во близина и надалеку, ги исцелуваше луѓето од злите духови и од други беди. Играјќи по улиците како луд, им приоѓаше на луѓето и им шепотеше за нивните гревови на уво и ги повикуваше на покајание. Дури и на сон им се јавуваше на грешници, ги укоруваше за гревовите и ги повикуваше на покајание. Така на некој незнабожечки глумец Балиј, којшто јавно ги исмеваше христијанските светости, Свети Симеон му се јави во сон и го искара и му се закани, та овој се покаја и стана добар христијанин. Некој блуден младич се симнал од умот преку блудот. Свети Симеон го виде како лудува и го удри со раката по образ, велејќи му: „Не врши прељуба!“ Во тој миг нечистиот дух излезе од младичот, а младичот стана здрав.
Преподобните Симеон и Јован
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com
Поврзани вести
11.09.25 09:12
Отсекување на главата на Св. Јован КрстителНа денешен ден Светата православна Црква го празнува споменот на отсекувањето на главата на Св Јован Крстител Свети Јован Крстител или уште како се нарекува Св Јован Претеча живеел во исто време ко...
09.09.25 09:26
Светиот маченик ФануријКој бил и кога живеел овој светител не се знае Многу се почитува на Родос и на Крит Од нашите краишта во Прилеп и Битола Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и ...
07.09.25 07:45
Пренос на моштите на Светиот апостол ВартоломејНа овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни Житие Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните г...