Љубителите на природата и бројните рекреативци кои секојдневно го користат патот кој води до селото Велестово со апел да не се дозволуваат вакви непријатни слики кои често можат да се видат.

Реакции има и од издавачите на апартмани во Велестово кои бараат во летниот период отпадот од контејнерите да се подига почесто, со оглед на големиот број гости кои престојуваат и го посетуваат ова, едно од најубавите села во околината на Охрид.  

Апел се упатува и до минувачите и жителите да не го фрлаат отпадот на несоодветни места со што ја загадуваат животната средина.

OhridNews