Жители од населбата Далјан се жалат дека комуналниот отпад од овој дел од градот не се подига редовно. Укажуваат дека честа слика се преполните контејнери и расфрланиот отпад околу нив.

Редовно ги плаќаме сметките за подигање на комунален отпад и очекуваме дека контејнерите ќе се празнат редовно. За жал, ваквата слика често може да се види во населбата, велат жителите.

Тие со апел до надлежните да преземат мерки за поголема комунална хигиена во населбата.

OhridNews