Поради одигрувањето на натпреварите од четвртфиналето во ФА купот, во сабота и недела ќе се одиграат само четири средби од 29. коло во Премиер лигата на Англија. Последно пласираниот Виган бодовите за спас ќе ги бара на натпреварот со ВБА, чија серија на добри резултати беше прекината минатиот викенд против Манчестер Јунајтед.
Њукасл е без победа на последните четири натпревари, впечатокот, „страчките“ ќе се обидат да го порават на натпреварот со Норич, екипа која игра сосема солидна сезона во елитното друштво.
Манчестер Јунајтед, по елиминацијата од Лига Европа, остана во трка за уште само еден трофеј, оној најважниот, во домашното првенство. „Црвените ѓаволи“не смеат да си дозволат кикс на гостувањето кај Вулвархемптон, екипа која веќе е видена во понизок ранг.
Фулам и Свонси се тимови кои се наоѓаат во средината на табелата, растоварени околу грижите за опстанок.
Двојки : Фулам-Свонси, Виган-ВБА
Недела, 18. март: Вулверхемптон-Манчестер Јунајтед, Њукасл-Норич.
“макфакс“
Ohridnews