Македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми на фудбалските терени ќе се врати септември оваа година, откако Арбитражниот суд во Лозана му ја преполови суспензија од четири на две години.
Одличната вест за фудбалерот ја потврди хрватскиот клуб кој не го отпушти репрезентативецот на Македонија покрај незгодната ситуација.
Адеми на допинг контрола беше после натпреварот меѓу Динамо Загреб и Арсенал пред нецели две години во Лигата на Шампиони. Дисциплинска комисија за допинг во УЕФА на Адеми му одреди брутална и највисока казна од четири години.
После две години Арбитражниот суд во Лозана ја усвои жалбата на Адеми и ја донесе одлуката која многу ќе значи за фудбалерот кој годинава ќе наполни 26 години. Пред суспензијата Адеми запиша четири настапи за Македонија и постигна еден погодок.
OhridNews