Граѓаните реагираат на таквата мерка, со што според нив се попречува слободното движење на луѓето.
-Тука проаѓаат постари луѓе, хендикепирани лица, туристи, кои ќе се сопкаат на препреките, вели постар охриѓанец, кого го затекнавме во раговор на темата со пријателите во градскиот парк.
Негодуваат и помладите, според кои проблемот се решава на погрешен начин.
-Со количка за бебе не може да се пројде, бидејќи мора да ја кревате, а не може ниту децата слободно да се движат, забележуваат граѓаните. Според нив доколку градот сака да го реши проблемот со реквизитите за забава треба да ги дислоцира истите на друга локација, а не да поставува препреки кои ќе го попречуваат слободното движење на граѓаните.
Препреки на шеталиштето во градскиот парк
М. Постоловски