Според Комисијата за заразни болести, претстојниот продолжен викенд треба да има продолжен полициски час, односно од четврток вечерта до понеделник наутро. Ваквиот предлог денес бил доставен до Координативниот кризен штаб на Владата.

  • На утринскиот состанок на штабот јас го изнесов мислењето од состанокот на Комисијата за заразни болести, која со консензус смета дека викендов треба повторно да биде целосно затворен, како што беше за Велигден, од четврток навечер до понеделник наутро. Тоа е само предлог, утре на владина седница ќе се донесе конечна одлука, рече на денешната прес конференциј аминистерот Венко Филипче.

Министерот Филипче потенцира дека предлогот за продолжување на забраната за движење се темели на стручни мислења и има медицинска издржаност.

  • Сите овие мислења се темелат на стручните мислења на Комисијата за заразни болести. Секако, граѓаните не сакаат да седат дома, но има причина зошто тоа е предложено“, рече Филипче.