Во моментов не се размислува за нови,исклучително ригорозни мерки како што би бил карантин подолг од една недела иако сме спремни да донесеме и поригорозни мерки од досегашните ако се укаже потреба за тоа, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

  • Во моментов, зголемувањето на бројот пациентите е линерен и нема најава дека ќе премине во експоненцијален пораст на бројот на пациенти, рече Филипче.

Додаде дека сегашните мерки се доволни со оглед на тоа дека станува збор за сериозно ограничување на движењето, блокиран викенд, разделување на ризичните групи постарите и помладите во текот на денот. Потенцира дека  постојано се следи кривата со пиковите и согласно сите резултати соодветно ќе се реагира.