Прес центарот на НУ фестивал „Охридско лето“ денеска и официјално ќе започне со работа.

Тука медиумите ќе можат да добиваат информации за текот на подготовките и реализирањето на програмата на фестивалот, соопшти управата на „Охридско лето“.

52- то “Охридско лето”, на 12 јули ќе биде отворено  со сценскиот спектакл „Ромео и Јулија“, а љубителите на уметноста годинава ќе имаат можност да видат околу 50 настани од класичната музика, балетот, театарот, како и ликовни изложби и офф програма.

OhridNews