Старото и оштетено дрво на градскиот кеј од кое пред точно десет дена се скрши голема гранка која падна на коловозот, деновиве е пресечено. Со тоа, според надлежните, отстранета е опасноста по минувачите.
Голема гранка на 17-ти октомври се струполи на коловозот на градскиот кеј
Пресечено опасното дрво на кејот
Според очевидци на неодамнешниот инцидент, големата и тешка гранка од дрвото од видот „софора“, старо повеќе од половина век, при падот за дел од секунда промашила мотоциклист кој во тие моменти минувал тука.