Невладината организација “Пресреќно Срце“ започна со реализација на проектот едукативен центар за деца на возраст од 3, 4 и 5 години. Целта е да се придонесе кон збогатување на педагошката практика во Р.М и да се понудат нови начини на едукација. Почнувајќи од месец декември во Охрид започна да работи градинката “Пресреќно Срце” во која охриѓани ќе имаат уникатна можност да ги едуцираат своите деца според методологијата наградена од УНЕСКО и прилагодена на карактерот на вашето дете.
– Ќе се работи по метод награден од Унеско во Годината на Детето, како најдобар метод на едукација на деца и семејства во конкуренција од 8000 програми ширум светот. Ангажирани се професионалци кои покрај познавањето на психологијата и карактерот на детето, имаат и многу трпение, способност за набљудување, слушање, разбирање, длабока грижлива љубов кон деца, знаење за уметност, наука и културата на секое дете – вели Весна Георгиевска од “Пресреќно Срце“.
Новина во оваа градинка е тоа што родителите ќе бидат активно вклучени. Децата ќе имаат можност да се запознаат со своите сопствени квалитети и преку тоа да го запознаат својот вистински карактер, дарбите и талентите кои ја претставуваат убавината на нивната личност.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com