Од денес веќе не важи времената измена на режимот на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, со која се забрануваше сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

На патните правци Гостивар – Охрид, Охрид – Ресен и Охрид – Свети Наум од 1 јули 2013 ограничен беше режимот на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето се однесуваше на викендите, односно: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и недела 07:00 – 24:00 часот.

Овој режим на движење важи до денес, информираат од АМСМ.

OhridNews