Пливачот Томи Стефановски доби големо светско признание за својата богата и успешна кариера. Тој во Лос Анџелес беше примен во „Куќата на славните“ на маратонското пливање.


Стефановски беше еден од лауреатите на свечената церемонија во Лос Анџелес и стана дел од „Куќата на славните“ во маратонското пливање. Оваа манифестација со којашто им се оддава посебно признание на најдобрите во овој спорт првпат се одржа во 1963 година.

„Најдобрите години во кариерата на Томи Стефановски дојдоа по неговата 40-та година, кога забележа две победи, а осови и две втори и три трети места во Гран при серијата на ФИНА. Стефановски постави рекорд како највозрасен победник во историјата на Гран при серијата на ФИНА“, објави ИМСХОФ, пренесува „Макфакс“.

Томи Стефановски во својата кариера во маратонското пливање има забележано вкупно 16 победи, а највредна и за издвојување е победата во Охрид на маратонот кој се одржа годинава.

OhridNews