Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид викендов кој доаѓа ќе учествува на меѓународниот теквондо ИТФ турнир во Зрече, Словенија кој е еден од најпрестижните турнири на Балканот.
На турнирот во Словенија под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион и Миле Климоски ќе настапат вкупно 12 натпреварувачи (Крстесеки Давид, Крстески Марио, Јанеска Елена, Јанески Антонио, Димов Јане, Митрески Христијан, Велковски Давид, Димитриевиќ Божидар, Спасека Јана, Јованоски Александар, Кузманоски Климент, Трифуноски Филип).
Од клубот се надеваат на добри и позитивни резултати како и на претходните турнири на кои со успех учествуваа.
OhridNews