Престрелка се случила утрово околу 6.30 часот во близина на граничниот премин Св. Наум. Според првичните информации на полицијата оружената престрелка се случила на македонска територија при средба на  патрола на граничната полиција со група,  ловџии од Албанија. Во претсрелката нема повредени полицајци.

Акцијата, како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, била добро испланирана со цел да се спречи нелегален лов во строго заштитената зона на националниот парк.

Граничната полиција постави неколку заседни места каде што се очекуваше да влезе илегалната група. Десетина лица вооружени со ловечки пушки со џипови преку нелегален планински премин влегоа на македонска територија при што дојде до оружена престрелка во која што нема повредени и од повеќечлената група.-изјави Димоски.

Две лица од групата која учествувала во инцидентот се приведени, а останатите се во бегство. Причините за престрелката се уште се утврдуваат, а полицијата презема мерки за расветлување на граничниот инцидент.

Портпаролот Димоски истакна дека Граничната полиција исклучително темелно ги врши своите обврски и  дека и натаму ќе го штити  македонскиот простор со цел да се елиминират сите обиди да се влезе илегално во земјава.

OhridNews