Долготрајната суша драстично го намали водостојот на Охридското Езеро, што предизвика сериозни штети по живиот свет во крајбрежниот дел. На суво остана и возобновеното живеалиште на жолтиот локвањ кај месноста Мазија. Водата на ова место осетно е повлечена, па на просторот околу трската наместо локвањ сега расте трева.


Пресуши возобновеното живеалиште на жолтиот локвањ

На иницијатива на Македонското лимнолошко друштво пред шест години беше обновено живеалиштето на жолтиот локвањ во месноста Мазија. Некогаш ова растение било многу распространето на Охридското Езеро, но денес го има се помалку, а големите осцилации на езерото не одат во прилог на напорите за ревитализација на природните живеалишта на локвањот.

OhridNews