Во случајот помеѓу англискиот судија Марк Клатенбург и Челси настана невиден пресврт. Откако дисциплинската комисија ги отфрли обвинувањата за Клатенбург се реши да го казни фудбалерот на Челси, Џон Оби Микел со три натпревари.


Нигериецот беше иницијатор за лавината обвинувања кон судијата  Клатенбург. Прво фудбалерот за врска Микел обелодени дека Клатенбург не бирал средства да го навреди црномуресиот фудбалер, но ФА не мисли така.

Мх.П.