Иако за идни клубови на Роберт Левандовски се споменуваат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен сепак во последен момент во трката се приклучи Реал Мадрид.

Светска слава Полјакот ја стекна токму по дуелите со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони. Во групите успеа да постигне погодок на двата меча, а во полуфиналето на еден натпревар им сервираше четири парчиња во мрежата на “кралевите“.

Реал Мадрид е далеку појак финансиски од Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен и никогаш не штедел средства за доведување на нови фудбалери.

Дали со овој потег навивачите на Реал Мадрид ќе најдат утеха или секогаш ќе му бидат лути на Левандовски за “гол шоуто“ што им го приреди на “Сигнал Идуна парк“.

Мх.П.