Исчезнувањето на авионот „Пајпер Малибу“ во кој се наоѓаше новиот фудбалер на Кардиф, Емилиано Сала е топ тема во светските медиуми. На авионот му се губи секаква трага над Канарските острови, а потрагата за сега не вродува со плод и мистеријата е уште поголема.

Аргентинскиот фудбалер по официјализирањето на договорот со Кардиф се вратил во Нант да се поздрави со фудбалерите и луѓето во клубот. Тој пред заминување се фографирал и сликата ја поставил на социјалните мрежи со текст „Последен поздрав“.

Дилемата дали офанзивниот играч дали претчуствувал нешто или пак последниот поздрав бил само за збогум останува.

Иако, Канарските острови и припаѓаат на Шпанија, британската воена служба и полиција се приклучила во потрагата по исчезнатиот авион.

OhridNews

Исчезнал авионот во кој се наоѓаше најновото засилување на Кардиф