Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито ќе поднесе тужба за престижниот италијански весник „Газета дело Спорт“ за клевета.

Весникот објавил дека Лотито се наоѓа пред дисциплинска постапка поради изјавите дека победата на Јувентус во дербито со Интер (2-0) не е легална. Дербито во Торино беше последен натпревар пред прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот.

Доктор Клаудио Лотито го забележа написот во денешниот број на „Газета дело спорт“ од авторот Себастијан Вернаца кој имаше намера само да го дискредитира. Слободата на информирање не значи дека е дозволено да се нарушува имиџот на луѓето. Кога се користи за исмевање или навредување, тоа мора да биде казнето. Затоа, адвокатите на д-р Лотито ќе бараат правна заштита. – стои во соопштениет од клубот.

Лацио заостанува еден бод зад Јувентус на врвот од табелата и трката за титулата ќе биде жестока, штом сезоната со рестартира во италијанскиот фудбал.

OhridNews